Старата страшна гол-машина од калчото смени четврти клуб во една година

Андреа Белоти своевремено важеше за најдобар напаѓач во калчото, но како Торино паѓаше на табелата, така падна и неговата кариера, а по првиот трансфер надвор од „биковите“ не му одеше баш најдобро.

Напаѓачот кој има 31 година е нов член на Бенфика. Во португалските „орли“ тој ќе игра како позајмен до крајот на сезоната, клубот ќе му ја покрива платата во целост, а доаѓа од редовите на Комо каде на 18 меча даде само два гола.

Белоти славата ја достигна во Торино за кого играше од 2015 до 2022 година и на 232 меча даде 100 гола. Потоа замина во Рома за која играше две години, ама го немаше стариот сјај, па следеа авантури во Фиорентина и Комо.

За Белоти ова ќе биде четврти клуб во нешто повеќе од година дена.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.