ВИДЕО: Станковски со гол по 84 секунди игра го најави големото изненадување во Србија

Македонскиот напаѓач Лука Станковски одново е во фокусот на српската фудбалска јавност, откако беше еден од најзаслужните за изненадувачкиот триумф на Раднички Крагујевац на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола.

Некогашниот ас на Работнички вечерва пак се запиша во листата на стрелците за тимот од Крагујевац, откако по една грешка одбраната мрежата на фаворизираниот противник ја затресе по само 84 секунди игра. 

До крајот на средбата Раднички постигна уште еден гол, откако  самиот финиш Голјанин стрелаше за конечни 0-2 и големо гостинско славје. Станковски, пак, вечерва го постигна вториот гол за Раднички, откако претходно во листата на стрелците се запиша и на натпреварот со Чукарички.