Станковски: Раднички направи голем успех, целта е да играме во Европа!

Лука Станковски и неговиот Раднички 1923 ја остварија примарната цел и се пласираа во плеј-офот на српскиот шампионат. 

Македонскиот фудбалер се покажа како добро засилување и постигна три гола на 22 меча, а сега најавува борба за уште подобри резултати и излез во Европа следната сезона. 

„Остваривме добар успех во прелиминарниот дел од сезоната. Го освоивме четвртото место и влегуваме во завршната фаза, каде ќе одиграме мечеви со најсилните противници.

Овие дуели ќе бидат голем предизвик за нас и секој од нив ќе биде како финале. Нашата цел е јасна, сакаме да играме во Европа“, изјави нашиот репрезентативец. 

Лука Станковски пристигна во Раднички од редовите на турскиот Газиантеп, а кариерата ја започна во скопскиот Работнички.