Станковски го објави списокот: Македонија У19 со Чурлинов и Фазлагиќ ќе брка ЕП

Македонската репрезентација до 19 години од 14 до 20 ноември во Кромериц, Чешка ќе го одигра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза на УЕФА. Нашата селекција е во група со домаќинот Чешка, Хрватска и Луксембург.

Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станковски за турнирот во чешки Кромериц ќе смета на следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Бојан Тимевски (Саса Каменица), Стефан Јакимовски (Њу Старс), Методија Велковски (Вардар); 

ОДБРАНА:  Зоран Ивановски (Академија Пандев), Христијан Димов (Интер Запрешиќ, Хрватска), Филип Антовски (Вардар), Џејми Перчевски (Фортуна Дизелдорф, Германија), Стефан Симоновски (Генц Калемлер), Стефан Наумчески (Вардар); 

СРЕДЕН РЕД: Бесник Ферати (Партизани, Албанија), Анес Османоски (Унтерахинг, Германија), Томче Гроздановски (Тренчин, Словачка), Али Адем (Вардар), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Алекс Талески (Вардар); 

НАПАД: Јакуп Бериша (Вардар), Марио Наумоски (Победа), Сухел Муареми (Шкупи), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија);

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 14 ноември против Хрватска, на 17 ноември играме против Чешка, а последниот дуел е со Луксембург на 20 ноември. Место во Елитната фаза квалификации за Европско првенство обезбедуваат двете најдобри репрезентации од секоја група.