Станковиќ ја донел конечната одлука за иднината во Црвена Звезда!

Веќе неколку седмици српските медиуми пишуваат за евентуалното заминување на Дејан Станковиќ од кормилото на Црвена Звезда и преселба на младиот стратег во еден клуб од Италија

Сепак, на оваа сага ѝ дојде крајот, барем така тврди српски „Моцарт Спорт“. Наводно, Станковиќ останува на чело на српскиот шампион во следниот период, многу веројатно до мај следната година.

Не е тајна дека Станковиќ беше на праг да го преземе кормилото на Сампдорија, откако клубот од Џенова по двата неуспешни обиди. во третиот беше подготвен да ги прифати сите услови. 

Сепак, според „Моцарт Спорт“, Станковиќ конечната одлука ја донел ноќта меѓу неделата и понеделникот, кога се консултирал со сопругата Ана. Тој им порача на своите најблиски пријатели и соработници дека сака да остане во Црвена Звезда до мај следната година, за да се обиде да освои уште една титула и да направи чекор напред во Европа.