Станковиќ кон новинар пред да добие отказ: Што сакаш бе, смрдеж еден? (ВИДЕО)

Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Спартак Москва, а по неговото заминување во јавноста се појави неговото последно интервју, дадено по победата на тимот над Ахмат Грозни. Српскиот стратег беше видно нервозен и покажа голема доза на непријатност кон новинарот кој му постави прашање во микс-зоната, а во сè беше вмешан и преведувачот.

Сѐ започна со прашањето што му добаци на судијата по завршувањето на мечот, на што Станковиќ одговори на англиски:

„Не, саму се поздравив со пријател. Не знам за што зборувате Немате повеќе прашања? Само ова? Сигурни сте дека сакам да му добаци на судијата? Дали сте вие новинар? Зошто ми поставувате вакви прашања, сакате да ме провоцирате? Знаете ли вие нешто за фудбал? По која шема игравме? Кого заменивме? Не знаете. Можете само вакви работи да зборувате. Вие и останатите“, изјави Станковиќ.

Новинарот се обиде да го прекине разговорот со зборовите „Вие завршивте, благодарам“, но Станковиќ не запре тука.

„Не сум завршил! Што сакаш бе ти, што сакаш, што сакаш?„Што е, што сакаш, смрдеж еден“, по што си замина заедно со преведувачот.

На оваа реакција новинарот остана збунет, Станковиќ замина, а набргу по натпреварот доби отказ од Спартак.