Станков: Мораме перфектно ако сакаме да ја оствариме целта

Има ли сили една македонска екипа да го сруши ерменски Пјуник кој неколку пати со песна се враќал од Македонија по натпреварите во европските Купови? Шкупи вечерва има шанса како никој наш клуб во минатото.

По ремито, кое Ерменците не го ни заслужија пред една недела, сега се приморани да слават среде Скопје, а во таборот на Пјуник, најавен е настап и на еден македонски интернационалец.

Антонио Станков има големо очекувања од дуелот против чаирчани.

„Ни следи многу тежок натпревар. Резултат 3-3 не ни нуди многу комбинации. Мора да играме на победа, но и да бидеме стрпливи ако брзо не ја оствариме целта. Убеден сум дека мораме перфектно за да обезбедиме пласман понатаму“, рече Станков.

Шкупи ќе има голема поддршка од трибините, пуштени се бесплатни билети и се предвидува многу поголема поддршка од таа која ја имаше Шкендија против Номе Каљу во вторникот.