ВИДЕО: Станишиќ човек на одлука, Баерн со минималец против Кавасаки

Баерн Минхен забележа уште една победа во рамките од подготовките за новата сезона, откако со минимални 1-0 славеше над јапонски Кавасаки со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Јосип Станишиќ.

Баварскиот гигант имаше контрола на играта во текот на сите деведесет минути. Имаше многу поголем посед на топка, многу повеќе обиди кон голот, но му недостигаше реализација во одредени моменти.

Сепак, избраниците на Томас Тухел отпорот на Кавасаки го скршија во 56. минута. Јосип Станишиќ прекина акција на противникот на околу 40 метри од голот, по што следеше двојно додавање со Гравенберх, па хрватскиот дефанзивец излезе сам пред голманот и погоди за 1-0.

  • Извештај од натпреварот: 

Баварците пред овој натпревар објавија и дека Садио Мане го напушта клубот. Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи во Ал Наср.