Станиќ селектираше, Македонија У19 во борба за елитни квалификации за ЕП

Македонската репрезентација до 19 години од 13. до 19. ноември го игра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за пласман на Европското првенство (ЕП).

Фудбалската федерација на Македонија е организатор на турнирот, а нашата млада селекција е во група со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург.

Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станиќ за квалификацискиот турнир ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Кристијан Китановски (Вардар), Стефан Митрев (Арау, Швајцарија);

Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар, Србија), Божидар Митревски (Силекс), Александар Ѓурковски (Вардар), Бојан Димовски (Вардар), Ване Тасевски (АСД Нибиано, Италија), Анѓело Николовски (Кит Го);

Среден ред: Агон Елези (Скендербег, Албанија), Јетон Даути (Ст. Гален, Швајцарија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П), Иван Николов (Академија Пандев), Влада Новевски (Војводина, Србија);

Напад: Методи Максимов (Работнички), Давид Тошевски (Работнички), Едис Спахиу (Шкендија), Сухељ Мухарем (Шкупи), Ерсан Хајдари (Арау, Швајцарија), Абдулвахит Мурати (Шкупи);

Првиот натпревар од турнирот македонската репрезентација го игра на 13. ноември против БиХ од 13:00 часот, на 16. ноември (13:00 часот) се соочува со Англија и на 19. ноември (13:00 часот) игра против Лукембург.

Натпреварите на македонската репрезентација се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски.