Македонија У21 со нова генерација за дуелите со Белорусија и Азербејџан

Селекторот на У21 репрезентација на Македонија, Горан Станиќ, го објави списокот на фудбалери кои ќе ги бранат црвено-жолтите бои во следниот период, а предизвиците започнуваат со пријателските натпревари против Белорусија и Азербејџан. 

Станиќ ќе ги очекува квалификациите за Европското првенство со многу нови имиња, односно со целосно нова генерација фудбалери кои ќе треба да остварат позитивни резултати. 

Голмани:
Васко Василев - Гостивар
Љупче Џеков - Силекс
Славе Вргов - Брера

Одбрана:
Давид Даилоски - Венло, Холандија
Даниел Марковски - Јеншепинг, Шведска
Андреј Аризанкоски - Брера
Анес Меличи - Шкендија
Марко Стојилевски - Брера
Ѓорге Џеков - Силекс
Бенан Хамидовиќ - Магдебург, Германија
Андреј Велков - Брера
Нуман Ајетовиќ - Шкупи

Среден ред:
Матеј Ангелов - Работнички
Ѓорѓи Дошев - Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски - Олимпик, Шведска
Теодор Николовски - Работнички
Мартин Ѓоргиевски - Брера
Шабан Зенку - Струга Трим Љум

Напад:
Димитар Данев - Работнички
Димитар Трајков - Дуго Поље, Хрватска
Никола Величковски - Септември, Бугарија
Михаил Талевски - Вардар
Бесмир Даци - Шкупи
Кире Стојанов - Беласица
Никола Манојлов - Работнички

Младите македонски надежи во квалификациската група за Европското првенство се најдоа во групата Е, заедно со Италија, Црна Гора, Полска, Шведска и Ерменија. 

Квалификациите ќе ги започнеме со натпреварот против Полска на петти септември, а четири дена подоцна на домашен терен ќе ја пречекаме секогаш силната Италија.