Станиќ го објави списокот на Македонија У21 за дуелите со Италија и Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ќе одигра два натпревари од квалификациите за Европското првенство против Италија и Ерменија. 

Селекторот Горан Станиќ го објави списокот на повикани фудбалери за овие натпревари. Во неговиот избор се најдоа 23 играчи, а меѓу нив има и неколку новајлии. 

  • Список на Македонија У21:

Голмани: Васко Василев (Струга Трим Лум), Љупче Џеков (Силекс), Никола Филевски (Брегалница).

Одбрана: Марко Стоилевски (АП Брера), Андрија Димески (Вождовац; Србија), Андреј Аризанковски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија Тетово), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија Тетово), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Давид Стојановски (Браво, Словенија).

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Сејдо Дураков (Рот Вајс Ерфурт, ГерманијаО, Илија Масларов (Лугано, Швајцарија),Матео Софијаноски (Македонија ЃП), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Мухамед Куртиши (Базел, Швајцарија).

Напад: Димитар Данев (Вардар), Матеј Гаштаров (Борац Чачак, Србија), Кире Стојанов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Никола Манојлов (Работнички), Димитар Трајков (Дуго Поље, Хрватска)

Двата натпревари Македонија ќе ги одигра на гостински терен. Собирот на фудбалерите во Скопје е закажан на 23 март, а ден подоцна е закажано патувањето кон Емполи. Мечот со Италијанците е на 26 март, додека пет дена подоцна ѝ гостуваме на Ерменија.