Стандард го прибира „избришаниот“ голман на Манчестер Јунајтед

Стандард е на прагот од големо засилување на голот. Најнапред тимот од Лиеж беше заинтересиран за голманот на Партизан, Живко Живковиќ, па дури минатата есен го ставија на листата на желби и започнаа преговори за негов трансфер. Но, по укажаната шанса во нивниот тим да дојде Виктор Валдес, голманот на Манчестер Јунајтед, сите останати голмани меѓу кои и Живковиќ паднаа во втор план.

Според белгиските медиуми, Стандард веќе се договорил со Јунајтед за негово позајмување, па се очекува по лекарските прегледи Валдес да се приклучи во тимот до крајот на сезоната. Каталонскиот голман пристигна во Јунајтед пред една година, како евентуална замена за Де Геа. Но, минатото лето дојде до расправија помеѓу него и Ван Гал. Од тогаш тренерот на Јунајтед го маргинализира Валдес, не му дозволува пристап до соблекувалната, тренинг со првиот тим и присуство на клупските свечености. 

Голманот ќе биде петтото засилување на Стандард за оваа зима. Валдес имаше понуди од Турција, Мексико, САД и Шпанија, но сепак ќе заврши во Белгија.