• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Суринам на навистина необичен начин стигна до баражот во квалификациите за Светското првенство. Иако беше поразена во Гватемала со 3-1, токму тој еден гол беше круцијален за да изборат доигрување.
Во третата минута од надополнувањето резервниот играч Шералдо Бекер нафрли, а стоперот Николас Самајоа несмасно реагираше и ја испрати топката во сопствената мрежа. Автоголот не влијаеше на победникот, но беше пресуден во трката за бараж, бидејќи токму тој гол го однесе Суринам пред Хондурас на табелата на второпласираните.
Хондурас го заврши циклусот со ист број поени и ист гол разлика, но Суринам помина поради повеќе постигнати голови.
Автоголот на Самајоа беше болен за соседниот Хондурас кој остана со празни раце на крајот...


