• Саше Љолес
Англискиот великан, Ливерпул, имал голема желба да го доведе шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди, но медиумите на Пиринеите пишуваат дека играчот на Реал Сосиедад им „удрил корпа“ на „црвените“ и решил да остане во својот роден град.
За Зубименди интересот почна да расте уште минатата сезона, а летово истиот се зголеми поради солидниот настап на Европското првенство, но играчот од средниот ред сака да остане во Сан Себастијан и да го одработи договорот кој е со важност до јуни 2027 година.
Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра, сума која била превисока за Ливерпул. Англискиот премиерлигаш бил подготвен да исплати максимум 35 милиони, но тоа не ги задоволува апетитите на Реал Сосиедад.
Зубименди во дресот на баскискиот клуб досега одигра 144 натпревари и постигна единаесет голови во сите конкуренции. Се шпекулираше дека тренерот на Ливерпул, Арне Слот, силно посакувал да го види во своите редови, но сега „црвените“ ќе мораат да се насочат на друг играч од трансфер-пазарот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.