• Горан Упале
Невидено лудило имаше на тренингот на српската тениска репрезентација која викендов ќе ги одмери силите против Грција, а очекувано најголемо внимание привлече Новак Ѓоковиќ. Голем број фанови дојдоа да го следат тренингот на репрезентацијата и најтрофејниот тенисер на сите времиња, а на трибините на салата „Пионир“ беа забележани интересни сцени.
Имаше различни транспаренти посветени на најдобриот тенисер, а некои фанови донесоа и икони, пишуваат српските медиуми. Ноле се обидуваше да ги испочитува сите, даваше автограми и неколку минути се фотографираше со обожавателите. Но, бидејќи навивачите беа многу упорни, на крај обезбедувањето и полицијата мораа да реагираат. Направија простор и го одвоија Ѓоковиќ од навивачите.
#Djokovic pic.twitter.com/E7uAcA4V5g
— B92 Sport (@b92sport) September 13, 2024
Инаку, Србија во сабота и недела ќе игра против селекцијата на Грција за комплетирање на групата И од Дејвис Купот.