• Зоран Мишевски

Тренерот на првакот на Данска, Копенхаген, Стале Солбакен е главен кандидат за селекторското место во фудбалската репрезентација на Норвешка. По заминувањето на Пер-Матиас Хегмо, Норвежаните се без предводник и наскоро мора да ги назначат новиот селектор.
„Солбакен е најдобро решение за селекторското место. Сите фудбалери би сакале да играат под негово водство“, изјави член на управниот одбор на федерацијата.
Норвешката репрезентација скоро една деценија е без учество на завршен турнир на Европско или Светско првенство и тенденцијата на федерацијата е да му понуди четиригодишен договор и подолг период да работи на развојот на младите норвешки фудбалери.