Стадионот во Штип за три месеци мора да биде целосно готов!

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ ги информираше членовите на Управниот одбор за текот на градежните работи на стадионите во Штип, Охрид и Кичево, сите од програмата „Хет-трик“ на УЕФА.

Финалниот рок за завршување на сите работи и технички прием на западната трибина на стадионот во Штип е 31.07.2025 година. После тој рок, доколку не се исполнат барањата, ФФМ ќе презеде мерки и легитимни чекори согласно законот. Сите активности се во соработка со УЕФА. 

Управниот одбор на ФФМ, исто така, детално е информиран за сите аномалии и неправилности во текот на активностите на стадионите во Охрид и Кичево. 

На следната седница кон средината на месец мај, Управниот одбор ќе донесе одлука кои постапки и легитимни чекори ќе бидат преземени за заштита на интерсот и финаниски средстава на ФФМ.