Стадионот „Лоро Боричи“ распродаден, репрезентативците вечерва со последен тренинг

Македонската фудбалска репрезентација од синоќа е во Скадар каде утревечер ќе ги започне квалификациите за Мундијалот во Русија. Нашата делегација ја пречека многу топло време, жив и енергичен град и добар тревник. Вечерва од 20.45 часот фудбалерите ќе го имаат последниот тренинг пред мечот со Албанија на Де Бјази. Еден час претходно со новинарите ќе разговараат селекторот Ангеловски и Иван Тричковски

Средбата во Скадар ќе се одигра на новиот стадион „Лоро Боричи“ пред 16.000 гледачи, бидејќи влезниците и по цена до 60 евра веќе се распродадени. Пред неполни десет години во пријателски дуел Стевица Ристиќ донесе победа од 0-1 токму во Скадар, но на стадионот кој тогаш имаше помал капаците. Во Прилеп и во Поградец двапати игравме по тој меч и двапати беше 0-0. Македонија има само еден пораз од осум меѓусебни натпревари. 

Нашата репрезентација одамна не знае за официјална победа на гостински терен, но постои некој скриен оптимизам дека токму утре таа серија ќе се прекине.