• Мартин Танасковски

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо го даде првиот гол во Саудиска Арабија, како член на комбинираниот тим на Ал Наср и Ал Хилал во пријателскиот меч со ПСЖ.
Се играше средината на првиот дел кога Кејлор Навас го удри во лицето Роналдо при еден скок, а судиите покажаа на белата точка. Сигурен изведувач беше Португалецот, а стадионот експлодира во препознатливото „Сиууууу“.
- Голот на Роналдо:
Претходно, Лионел Меси погоди за ПСЖ, по само две минути игра.