Стадион во Србија ќе го носи името на Радомир Антиќ

Радомир Антиќ, еден од најдобрите српски тренери во историјата, почина на 71-годишна возраст, а веќе е почната кампања во неговата татковина еден од стадионите да го носи неговото име.

Популарниот „Мистер“ беше ценет насекаде во светот, а посебно во Ужице, каде почна неговиот фудбалски пат. Токму поради тоа, отпочната е иницијатива стадионот на клубот Слобода да го носи неговото име.

Со овој потег луѓето од Ужице сакаат да му се оддолжат на Антиќ за се што тој направи за нивниот клуб. Легендарниот Радомир Антиќ за екипата на Слобода играше една година, од 1967 до 1968 година, а потоа премина во Партизан.

Српската тренерска легенда како играч најголема трага остави во Партизан и Лутон, додека како тренер се истакна во Шпанија каде работеше во трите најголеми клуба - Реал Мадрид, Атлетико и Барселона.