ВИДЕО: Српските суперлигаши подобри од МЛС-селекцијата на САД

Фудбалската репрезентација на Србија составена главно од играчи од домашната Моцартбет Суперлига, славеше против селекцијата на Соединетите Американски Држави со 2-1. Пријателската средба во Лос Анџелес беше директен судир на тимови составени од домашните првенства, па така и Американците играа со фудбалери од МЛС лигата. 

Домаќинот во Калифорнија успеа да стигне до почетна предност. Мрежите на двата тима мируваа до 29. минута, а тогаш Брендон Васкез го отвори резултат за 1-0 на САД. По примениот погодок, српските фудбалер се разбудија и тргнаа да бркаат израмнување. 

Двата погодоци паднаа во интервал од три минути, меѓутоа во различни полувремиња. Пред паузата Лука Илиќ успеа да донесе егал за Србите со погодок директно од слободен удар во 43. минута. Веќе во првата од продолжението, пресвртот го комплетира Вељко Симиќ. 

Овој натпревар се одигра во нестандарден термин, па поради тоа селекторите користеа само играчи од домашните лиги, со цел подобро да се скаутираат таленти за иднината.