„Српскиот Златан Ибрахимовиќ“ мета на Клоп и Ливерпул

Најголемата фудбалска надеж на Србија, Душан Влаховиќ е мета на англискиот гигант Ливерпул, денес соопштуваат медиумите од Островот.

Јирген Клоп веќе најави дека во летниот трансфер период ќе мора да доведе ново решение во нападот, но оваа вест треба да се земе со резерва, бидејќи сè поизвесно е дека Ливерпул своите редови ќе ги засили со фудбалерот на Патсон Дака од Салцбург. Сепак, ако се одлучат за Влаховиќ, наводната отштета што ќе треба да ја плати англискиот тим изнесува околу 35 милиони фунти. Исто така, покрај ланскиот шампион на Премиер лигата, интерес за Влаховиќ покажа и Милан.

Медиумите блиски до клубот од „Мерсисајд“ го етикетираат Влаховиќ како „српскиот Златан Ибрахимовиќ“.

Напаѓачот на Фиорентина постигна 21 гол со две асистенции во Серија А, а беше прогласен и за најдобар млад играч на сезоната.