Српскиот судија останува зад решетки - по 48-часовен, доби нов 30-дневен притвор!

Српскиот фудбалски судија Срѓан Обрадовиќ ќе мора подолг период да мине во притвор, поради непостоечкиот пенал кој го досуди на дуелот меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш. Видеото од наводното играње со рака и досудениот пеналот брзо се рашири низ фудбалска Европа, а судијата првично доби 48-часовен притвор, а сега дополнително притворот е зголемен на цели 30 дена.

Српскиот Фудбалски Сојуз веднаш побара и бришење на Обрадовиќ од листата на судии, а веднаш беше изнесен и пред судот во Нови Сад, но ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека направил случајна грешка. Дополнителната мерка притвор е донесена за да не може Обрадовиќ да влијае на сведоци во текот на истрагата.

Случајот со судијата Обрадовиќ е прв во регионот, каде еден судија е уапсен поради носење на погрешна одлука, а сигурно тоа ќе биде и дополнителна поука за останатите судии, кои влегуваат во матни игри и влијаат на конечните резултати на натпреварите.