Српски ТСЦ заинтересиран за Бојан Димоски

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски во новата година може да има нов клуб, затоа што постои опција да го напушти руски Акрон Тољати порано од предвиденото и да се пресели во Србија.

23-годишниот бек кој се афирмира како македонски репрезентативец под водство на Благоја Милевски пристигна во Акрон во јули 2023 година, а за него ова беше прва интернационална станица.

Интерес за Бојан Димоски постои од српскиот клуб ТСЦ од Бачка Топола, информира „Моцарт Спорт“. Клубот е во потрага на леви и десни бекови, а во фокусот е македонскиот играч кој и претходно беше мета на овој клуб пред нешто повеќе од една година.

Бојан Димоски почна со сениорскиот фудбал во Вардар, со кого стана шампион на Македонија. Настапуваше уште и за Брера Струмица. За Македонија има вкупно 18 настапи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.