Српски тренер заработи отказ по само 51 ден на клупата во украински прволигаш

Српскиот тренер, Ненад Лалатовиќ, пристигна во екипата на Зорја Луганск и клубот од него имаше големи очекувања, но соработката помеѓу двете страни завршува по само 51 ден на клупата на украинскиот прволигаш, јавуваат регионалните медиуми. 

Лалатовиќ немаше успешна етапа и забележа само една победа во вкупно пет натпревари, а „чашата ја прелеа“ ремито против претпоследната екипа на табелата, Минај. 

„Сигурен сум дека ќе имав подобри резултати ако тимот беше комплетен. Имавме многу проблеми со повредите, а и трпението на управата очигледно беше кратко. Благодарен сум за можноста и на Зорја ѝ посакувам многу успех во иднина“, изјави Лалатовиќ. 

Српскиот стратег во минатото предводеше многу српски екипи, а беше и селектор на младинската репрезентација. Неговиот ангажман во Зорја е убедливо најкраткиот во неговата тренерска кариера. Како активен играч, беше дел од Црвена Звезда, Шахтјор Доњецк, Земун и ОФК Београд. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.