ВИДЕО: Српски судија спасуваше „жива глава“ поради досуден офсајд во надополнувањето

Јавор

Српската Суперлига донесе голем инцидент кој се случи на мечот Јавор - Нови Пазар. При резултат 1-0 за домашниот тим, главниот судија поништи погодок за израмнување на гостинскиот тим во надополнувањето.

Тоа беше причината за целиот тим на Нови Пазар, вклучувајќи ги и членовите на делегацијата. Тие тргнаа да се пресметаат со арбитарот и да бараат правда.

Судијата Милан Илиќ покажа дека имало недозволена ситуација, по ударот на Немања Драгутиновиќ. Кога се смири тензијата, мечот продолжи, но набрзо настана нов хаос на теренот, овојпат поради распрација меѓу играчите на двата тима.

На крај бодовите останаа кај домашната екипа, која успеа да ја сочува минималната предност.