Српски бизнисмен и газда на „Спорт Клуб“ за 100 милиони фунти го купува Саутемптон

Драган Шолак, основач и еден од сопствениците на „Јунајтед груп“, компанија која управува со популарниот спортски медиум „Спорт Клуб“, конкурира за преземање на Саутемптон, моментално четиринаесетти тим на табелата во Премиер лигата, пренесува британски „Скај“.

Српскиот медиумски магнат наводно ќе вложи сто милиони фунти за контролен пакет акции во познатиот англиски клуб. Според „Скај“, договорот е веќе постигнат, се чека само на официјализација.

Шолак нема да биде единствен сопственик, но наводно ќе биде на чело на нова компанија која ќе размислува за купување клубови од други лиги, нешто слично како што направија шеиците од Обединетите Арапски Емирати со Манчестер Сити и филијалите во Соединетите Американски Држави, Австралија, Аргентина, Франција, Африка… Удел во компанијата ќе имаат и поранешниот фудбалски директор на Брентфорд, Расмус Анкерсен и лондонскиот инвеститор Хенрик Крафт.

Сегашен сопственик на Саутемптон е Гао Јишен, кинески бизнисмен кој во 2018 година купи 80% од акциите.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.