Срѓан Захариевски ќе ја води Струга и следната сезона

Екипата на Струга Трим Љум ја продолжи „љубовта“ со актуелниот тренер Срѓан Захариевски кој ја доби довербата од управата и потпиша нов договор со тимот од градот крај езерото.

Захариевски на чело на стружани застана во март 2020 година и оттогаш тимот е во подем. Струга Трим Љум имаше прв историски излез во еврокуповите под водство на македонскиот стратег и го оствари најдобриот пласман во лигата.

Оваа година, Струга ТЉ не успеа да го повтори тој успех, меѓутоа Захариевски задоволи со партиите и потпиша нов договор до 2023 година.

Од таборот на прволигашот најавија дека во следните денови ќе се промовираат нови засилувања, како и ќе се презентираат новите договори за актуелните играчи од ростерот.