• Горан Упале
Вест Хем го совлада Вулверхемптон со 2-1 во Премиер лигата, но по натпреварот во центарот на вниманието беше Мајкл Антонио, асот на „чеканите“, кој во саботата имаше тешка сообраќајна несреќа.
За среќа, тој се чувствува добро по операцијата, а тренерот Јулен Лопетеги со особена емоција зборуваше за својот напаѓач.
„Секогаш имаме мотив за победа, но вечерва имавме дополнителен мотив. Овој триумф му го посветувам на нашиот Мич.
Среќни сме што е жив. Она што го видовме беше страшна глетка. Пред него е долг пат и го чекаме“, изјави шпанскиот стручњак.
Закрепнувањето на репрезентативецот на Јамајка ќе трае долго, но се верува дека Антонио повторно ќе игра фудбал и покрај тешките повреди на ногата.