• Горан Упале
Фудбалерите на Вердер Бремен и Баер Леверкузен ремизираа со по два постигнати гола во највозбудливиот натпревар од осмото коло на германската Бундеслига.
- Извештај од натпреварот:
Речиси цела мината сезона акутниот шампион на Германија „беснееше“ на крајот од натпреварите и со голови во и по 90. минута стигнуваше до бодовите, но вечерва среќата им го сврте грбот на „фармацевтите“, кои останаа без два бода откако примија гол во последната минута.
Леверкузен поведе во 30. минута со голот на напаѓачот Виктор Бонифејс кој го искористи добриот центаршут на Џереми Фримпонг од десната страна и погоди за 0-1.
Вердер израмни во 74. минута кога Марвин Дукш со глава ја упати топката во спротивниот агол и го остави немоќен Храдецки. По само три минути Леверкузен повторно поведе. Предноста на избраниците на Чаби Алонсо ја врати дефанзивецот на Вердер, Феликс Агуаутоголом. Сепак, во 90. минута домашните стигнаа до голем бод, откако феноменален гол од работ на шеснаесетникот постигна Романо Шмид.
Во следното коло шампионот одново е пред сериозен испит, бидејќи ќе се сретне со незгодниот Штутгарт, додека Вердер гостува кај Борусија Менхенгладбах.