ФОТО: Средба со идолите - најмладите ги поздравија Пандев и дружината!

Најмладите фудбалери од Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) имаа шанса да ги сретнат своите идоли, репрезентативците кои се дел од А-тимот и ќе играат против Норвешка.

Сите се собраа на едно место, на вечера во хотелот каде е сместена А-репрезентацијата, а потоа, средбата ја овековечија и со една фотографија. На радоста на најмладите ѝ немаше крај, посебно, затоа што имаа шанса да се сретнат со идолите кои треба да ги наследат во црвено-жолтиот дрес.

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра утре (сабота) од 18.30 часот на „Филип Втори“ Арената во Скопје.