Срцевиот удар е знак за крај: Бас Дост замина во пензија на 34 години!

Холандскиот напаѓач Бас Дост се пензионира од фудбалот на 34-годишна возраст, а причината се здравствени причини.

Ветеранот доживеа срцев удар на натпреварпт меѓу НЕЦ и АЗ Алкмар, но благодарение на лекарите успеа да се врати во живот.

„Среќен сум што повторно сум дома и што ќе имам шанса да се рехабилитирам. Голема благодарност до сите кои ме поддржаа во овој период“, изјави Дост.

Холандскиот напаѓач ја почна кариерата во Емен, а потоа настапуваше за Хераклес, Херенвен Волфсбург, Спортинг Лисабон, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж и Утрехт.