• Саше Љолес
Американскиот финансиски конзорциум, кој е мнозински сопственик во англискиот Барнли, официјално го презема и шпанскиот прволигаш, Еспањол.
„Велосити спортс партнерс“ купија голем удел од акциите од кинеската групација „Растар“, која инкасираше сума од 200 милиони евра. Кинезите девет години беа сопственици на клубот.
Еспањол е еден од најстарите клубови во Шпанија, а навивачите го нарекуваат „срцето на Каталонија“. Основан е во далечната 1900 година.
Ова се веројатно добри вести за сите навивачи, а нивните миленици солидно ја започнаа новата сезона во Примера и досега имаат скор од три победи, три ремија и два порази.
