ВИДЕО: Србите со забелешки - каде беше ВАР за пеналот врз Митровиќ?

Фудбалерите на Србија се поразени од Швајцарија во финишот, но по завршувањето на натпреварот имаат големи забелешки за судењето на Феликс Брих од Германија.

Најголемата српска забелешка е за 66. минута кога сметаат дека беше потребно да се реагира со ВАР технологијата и да биде досуден пенал, бидејќи Митровиќ според нив бил буквално растргнат од Лихштајнер и Шер, а Брих досуди само фаул во напад.

Погледнете дали жалбите на Србија се оправдани:

Сега Србија доколку сака да обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот во Русија, во последното коло ќе треба да слави победа против Бразил.