ВИДЕО: Србите со познат балкански хит славеа опстанок во Лига А

Фудбалската репрезентација на Србија во Белград ја совлада Австрија со 2-0 и така си обезбеди опстанок во А-сегментот во Лигата на нациите. 

Србите со победата се одржаа во елитата и знаеја како да го прослават тоа. Во соблекувалната по натпреварот ечеше песна, а на социјалните мрежи се појави популарната песна „Јутро је“ од Нада Топчагиќ во режија на српските фудбалери. 

Во јуни Србија ќе ги почне квалификациите за Светското првенство поради своите обврски во Лигата на нациите во мартовскиот циклус.