Србите со „кралски“ третман за Роналдо: Португалецот сам во претседателски апартман

Роналдо

Кристијано Роналдо е прва ѕвезда во португалската репрезентација која вечерва ќе се сретне со Србија на „Рајко Митиќ“ во мундијалските квалификации.

Капитенот на гостите е сместен во претседателскиот апартман во хотелот „Хајат“. Таму е сам, секој кој прави контакт со него мора да има негативен корона-тест, а јадењето исто така е сервирано во неговата соба.

Хотелот каде се сместени португалските фудбалери одлучи да постави посебен кувар, собарка и келнер, кои постојано се достапни за еден од најдобрите играчи на денешницата.

Португалецот одвои малку време за неколку фанови, но не како во нормални услови. Поради претпазливост веднаш по завршувањето на мечот ќе го напушти Белград.