Србите разочарани: Коларов одбил да влезе во 119. минута само за да шутне пенал!

Најважниот натпревар за Србија донесе пораз во дуелот со Шкотска и тоа на домашен терен. Тоа го спречи тимот на Љубиша Тумбаковиќ да обезбеди место на Европското првенство наредното лето.

Српските медиуми пишуваат за однесувањето на капитенот на репрезентацијата Александар Коларов. Наводно тој одбил да влезе во игра во самата завршница, поточно во 119. минута, само за да биде дел од одлучувачкиот пенал рулет.

Антонио Конте побарал од српскиот сојуз да го поштеди својот фудбалер, бидејќи има повреда. За Србите неприфатливо е помирувањето на дефанзивецот со оваа одлука на Интер, во пресрет на најважниот меч за неговата држава.

Александар Митровиќ го промаши својот пенал и им овозоможи на Шкотите да се радуваат на големиот успех.