Србите грмат по судиите во Милано: Срам, бесен сум како рис – ова е голем скандал!

Поранешниот меѓународен фудбалски судија, Дејан Недиќ, беше видно разочаран и лут на судиите откако Црвена Звезда загуби од Милан во шестото коло од Лигата на шампионите (2-1).

Српскиот шампион во самиот финиш потклекна во Милано, откако Тами Абрахам постигна гол во 87. минута. Сепак, според некогашниот меѓународен арбитар Црвена Звезда е оштетена на овој дуел и дека голот на Абрахам требало да биде поништен. 

„Не што направи, туку што не направи судијата! Дрскост, срам, срам! Го носев грбот на ФИФА и се срамам од сите што го носат грбот денес. Овој човек постојано е проблем и инцидент.

За нас беше грешка кога не досуди корнее пред шест години. Се сеќавате?! А сега не го свири ова... Ова е двоен фаул! Два фаули во еден напад, не еден! А зошто е ВАР? Ова е јасна и очигледна грешка и ова е скандал. Бесен сум како рис!“, беше јасен Недиќ.

Со овој пораз Црвена Звезда ги загуби скоро сите шанси за пласман во плеј-офот, додека Милан е во сигурната зона со 12 бода. 

Состави

Серџо Консеисао

4-2-3-1

    Владан Милојевиќ

    4-2-3-1