Србинот кој го врати Овиедо во елитата по долга пауза доби отказ

Управата на Овиедо направи изненадувачки потег и му врачи отказ на Вељко Пауновиќ, само 110 дена откако српскиот стратег успеа да го врати клубот во Примера по цели 24 години.

Почетокот на сезоната беше под очекувањата, бидејќи Овиедо во првите осум кола запиша само две победи и шест порази, иако треба да се истакне дека тимот имаше исклучително тежок распоред со дуели против Реал Мадрид и Барселона.

Клучниот момент за прекин на соработката беше поразот од Леванте, по кој управата реши да повлече радикален потег и да му стави крај на ангажманот на Пауновиќ и неговиот стручен штаб.

Според најавите, клубот веќе има идеја за алтернатива. Станува збор за Луис Карион, 46-годишник кој последно работеше во Лас Палмас.