• Мартин Танасковски
Екипата на Пелистер го претстави своето ново засилување Александар Катаниќ кој доаѓа меѓу „зелените“ по настапи во Малта.
Катаниќ е 29-годишен напаѓач, кој во својата кариера има собрано искуство во неколку клубови. Негов последен клуб пред да пристигне во Битола е Балзан од Малта, а уште настапуваше за Бачка, Старо Бановци, Лозница, Телеоптик, Бежанија и Металац, како и за Хонка од Финска.
Србинот има искуство и во ПМФЛ, затоа што во сезоната 2022/23 настапуваше за Силекс и на единаесет натпревари постигна четири гола.
Од таборот на Пелистер му посакаа добредојде на новиот напаѓач и му посакаа многу успешни настапи и голови во зелено-белиот дрес.