Србинот Филип Осман го засили кратовски Силекс

Преодниот рок заврши, но македонските клубови можат да ангажираат и регистрираат слободни фудбалери. Така, кратовски Силекс од вечерва е посилен за српскиот интернационалец Филип Осман. 28-годишниот дефанзивен фудбалер за врска веќе им се приклучи на кратовчани и треба да претставува големо засилување за вториот дел од шампионатот.

Осман доаѓа од Колубара, а во кариерата ги носеше дресовите на Партизан (младински категории), Бежанија, Синѓелиќ, Смедерево, Славија Софија, Раднички Крагујевац и Вождовац

Со доведувањето на овој искусен фудбалер, тренерот Симов ќе има уште една алтернатива повеќе, откако претходно зимава го доведе Бурхан Мустафов од Струга Трим Љум. Во тимот на Силекс во зимскиот преоден рок потпиша и Ненад Маринковиќ.

В недела од 14:00 часот, Силекс го игра првиот натпревар во вториот дел од шампионатот против Ренова во Тетово.