ВИДЕО: Србин вторпат сезонава даде гол од половина терен во Бундеслигата

Српскиот фудбалер Милош Пантовиќ го постигна својот втор погодок оваа сезона во Бундеслигата, во победата на неговиот Бохум со Фрајбург (2-1). 

Напаѓачот беше резервист, а уште еднаш успеа да направи чудо. Имено, двата погодоци на Пантовиќ оваа година се од половина терен или повеќе. Тој беше стрелец пред неколку кола со Хофенхајм од својата половина, а денес одново го искористи лошото голманско движење. 

  • Голот на Пантовиќ против Фрајбург: 

Течеше 82. минута од дуелот, резултатот беше 1-1, а Пантовиќ искористи топка која ја доби на половина терен. Србинот го забележа движењето на голманот кој беше истрчан и ја испрати топката во мрежата.  

Состави

Thomas Reis

4-3-3

    Christian Streich

    4-4-1-1