ВИДЕО: Србин во Бундеслигата во 97. минута даде гол од својата половина

Викендов се одиграа натпреварите во Бундеслигата, а меѓу нив беше и тој меѓу Бохум и Хофенхајм, кој заврши со триумф на домаќинот од 2-0. 

Долго беше нерешено, Бохум поведе со голот на Новотни во 66. минута, а потоа Рајман промаши пенал. Хофенхајм притискаше за реми, во самиот финиш тргна со сите сили напред, па во 97. минута на корнер во противничкиот шеснаесетник беше и голманот Бауман. Бохум се одбрани и тргна во контра, а празниот гол го искористи Милош Пантовиќ

  • Одбранетиот корнер и голот на Пантовиќ во 97. минута:

Србинот забележа дека Бауман е далеку, па со прецизен удар погоди од својата половина. Така, Пантовиќ стана хит во германските медиуми, бидејќи даде гол откосо од преку педесет метри.