Србин роден во Струмица го врати Реал Овиедо во елитата по 24 години!

Реал Овиедо се врати во шпанската елита по пауза од 24 години и следната сезона повторно ќе игра во Примера. Овој тим од клупата го предводи Вељко Пауновиќ, српски стратег кој е роден во Струмица. 

Во реваншот од баражот тимот од Овиедо славеше со 3-1 по продолженија против Мирандес и така го надополни поразот од 2-1 во првиот натпревар. Во регуларниот дел беше идентичен резултат, па натпреварот отиде во дополнителни 30 минути, каде Портиљо со мајсторски гол ја завери победата и враќањето во Примера.

Иако Мирандес прв поведе, домашните се вратија преку пенал кој сигурно го реализираше ветеранот Санти Казорла. За 41-годишниот плејмејкер, ова веројатно беше последен натпревар во професионалната кариера.

На трибините владееше вистинска еуфорија, а дел од публиката беше и славниот Ф1 возач Фернандо Алонсо, кој потекнува токму од Овиедо и не го криеше воодушевувањето од историскиот успех.