• Илиев: Евертон Луиз е нов играч на Партизан

    Шампионот на Србија, тимот на Партизан на многу наврати оваа сезона ги разочара своите фанови, пред се поради лошите игри во српската Супер лига и несреќното испаѓање од Лигата на Европа.

  • Браќата Бабунски во „пакет“ во Црвена Звезда?

    Според српските медиуми, младите македонски таленти, Давид и Дориан Бабунски во јануарскиот преоден рок можат да ја засилат Црвена Звезда.

  • Официјално: Иван Томиќ промовиран како нов тренер на Партизан

    Фудбалскиот клуб, Партизан денес и официјално го назначи Иван Томиќ за нов тренер на тимот. Договорот ќе има важност од две и пол години, а Томиќ оваа функција ја презеде од поранешниот македонски селектор, Љубенко Друловиќ. 

  • Друловиќ доби наследник: Иван Томиќ е нов тренер на Партизан

    Иван Томиќ е третиот тренер на белградски Партизан во сезоната, откако Зоран Милинковиќ ја започна сезоната, а во октомври беше заменет со Љубинко Друловиќ кој остана на „жешкото столче“ неполни два месеци. 

  • Реми во македонскиот дуел од српската Суперлига

    Во последното коло од есенскиот дел на шампионатот на Србија тимот на ОФК Београд, во кој настапуваат нашите репрезентативци Остоја Стјепановиќ и Даниел Аврамовски, на  гостувањето кај тимот на Младост од Лучани, одигра нерешено 0-0. 

  • Саво Милошевиќ е новиот претседател на Партизан

    Се зборуваше за Томислав Караџиќ и за заменикот Воислав Недиќ, дека ќе седнат на претседателското столче на фудбалскиот клуб Партизан, но тоа место го доби легендата на тимот од Белград, Саво Милошевиќ.

  • Друловиќ „летна“ и од клупата на Партизан

    Поранешниот селектор на Македонија, Љубинко Друловиќ, доби отказ од клупата на Партизан по вчерашниот пораз од Аугсбург во рамките на последното коло од групната фаза на Лига Европа. „Црно-белите“ ќе добијат и нова управа, откако успеаја да издејствуваат целиот Управен одбор да поднесе оставка по елиминацијата од Лига Европа.   На чело на клубот до наредните избори ќе остане Милош Вазура, кој беше генерален директор на клубот. Белградскиот клуб заостанува дури 24 бода зад лидерот Ц. Звезда по 20 одиграни кола.

  • Миодраг Божовиќ: Жигиќ може многу да му помогна на Црвена Звезда

    Миодраг Божовиќ, шефот на стручниот штаб на Црвена Звезда, при гостување во еден локален медиум во Србија одговори на неколку прашања поставени од фудбалските фанови копи поставуваа прашања во редакцијата. 

  • Постигнат е првичен договор: Живковиќ на чекор до Бенфика

    Српскиот 19-годишен репрезентативец, Андрија Живковиќ е на чекор до потпис со португалска Бенфика. Младото крило на белградски Партизан, наводно, треба да потпише 5-годишен договор со португалската екипа. Шпекулациите се потврдија, откако португалскиот претседател, Луис Фелипе Виера престојуваше пет дена во Белград за да го запечати договорот со српскиот фудбалер. Договорот на Живковиќ со „црно-белите“ истекува на лето, така да можно е Србинот да се пресели во Лисабон уште оваа зима. 

  • Блажевиќ се изјасни: Почестен сум, но нема да го водам Спартак

    Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Блажевиќ, изјави дека нема да застане на кормилото на Спартак од Суботица. По неколку  лоши резултати, кои доведоа до отпуштање на тренерот Стеван Мојсиловиќ, српската екипа сподели информација на Твитер дека како заменик го посакува 80-годишниот хрватски стратег Мирослав Блажевиќ.

  • Китановски со солиден настап и асистенција против Партизан

    Томе Китановски имаше солиден настап во ремито на Младост Лучани против фудбалерите на белградски Партизан 2-2 (1-0). Нашиот фудбалер кумуваше на првиот погодок на домаќините, со прекрасен продор по левата страна и асистенција за водство на домаќините од 1-0 во 9. минута. Китановски не го доигра целиот меч и беше заменет во 73. минута од натпреварот. За нашиот играч, кој има и еден настап за сениорската репрезентација на Македонија, ова беше 11. меч за тимот од Лучани, кој прикажува се подобри игри и веќе осум кола не знае за пораз. Моментално тие се наоѓаат на 10. место со 17 освоени бода. Во наредното коло Китановски со своите соиграчи го пречекуваат последнопласираниот тим, Јагодина.  Томе Китанпвски потекнува од фудбалската школа на Пелистер, каде ги помина сите категории на битолскиот тим. Во кариерата уште има настапувано за романската екипа Универзитеа и за српкиот тим Вождовац, од каде направи трансфер во Младост од Лучани.

Pages