ВИДЕО: Србија за три минути ја „скрши“ Литванија, Шкотска во директен дуел го доби Израел

Фудбалерите на Србија во последното коло од Лига Ц во Лигата на нации ја совладаа репрезентацијата на Литванија со 4-1(0-0) и освен пласман во плеј-оф полуфиналето, обезбедија место и во Лига Б во наредното издание.

Литванците на мечот во Белград пристигнаа со пет порази, но во првата фаза на мечот беа целосно рамноправни. Србија тешко создаваше шанси, а првата ја имаше дури по 26 минути игра, кога Лукиќ биеше само во литванскиот голман. Во првиот дел најдобрата шанса ја имаа гостите, но по ударот на Јанушевски, Рајковиќ спречи сигурен гол.

Вториот дел започна со иницијатива на „орлите“, а тоа веднаш резултираше и со водство, откако Зулпа ја погоди сопствената мрежа. Во 58. минута, по асистенцијата на Рукавина и голот на Митровиќ, веќе беше 2-0. Литванците се вратија во мечот, откако Петравичиус во 64. минута го матира Рајковиќ (2-1), но така беше се до 71. минута и голот на Пријовиќ (3-1). Само три минути подоцна со лоб удар, Адам Лајиќ по асистенцијата од Пријовиќ. зголеми на 4-1, а на крајот тоа беше и конечниот резултат.

Во вториот натпревар од истата група, Романија на гости ја совлада Црна Гора со 0-1, но на крајот се покажа доволно само за второ место, веднаш зад Србија.

Во натпреварот кој исто така одлучуваше, кој ќе го освои првото место во група 1, Шкотска во Глазгов го совлада Израел со 3-2 (2-1). Израелците одлично отворија и со голот на Кајал во 9. минута поведоа со 1-0. Но, Шкотите до крајот на првиот дел со двата гола на Форест направија целосен пресврт (2-1). Во второто полувреме, по „хет-трикот“ на Џејмс Форест, Шкотска поведе со 3-1, а конечните 3-2 ги постави Захави во 75. минута.

УЕФА Лига на нации, Лига Ц, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СрбијаСрбија 6 4 2 0 11:4 7 14
2 РоманијаРоманија 6 3 3 0 8:3 5 12
3 Црна ГораЦрна Гора 6 2 1 3 7:6 1 7
4 ЛитванијаЛитванија 6 0 0 6 3:16 -13 0