• Саше Љолес

Руската фудбалска репрезентација е исклучена од сите официјални натпреварувања на УЕФА и ФИФА, но „зборнаја“ сепак има дозвола да организира пријателски натпревари.
Иако Русите долго време не можеа да пронајдат противник од Европа и најчесто играа против тимови од Азија и Африка, сега доаѓа најава за пријателски меч против Србија, кој ќе се одигра на 21 март на стадионот на Динамо Москва.
Информацијата за овој натпревар беше прифатена со остри критики од неколку европски земји, а меѓу нив предничат оние што се најгласни против воената инвазија на Украина. Руските фудбалери првпат ќе играат со европска селекција, откако стапи на сила забраната во 2022 година. Последен пат „зборнаја“ требаше да игра со Босна и Херцеговина, но тој дуел беше откажан откако босанските фудбалери одбија да се појават на собирот.