Србија верува во чудо, ама „кариоките“ се апсолутен фаворит

Од доаѓањето на Драган Стојковиќ за тренер пред година и пол, „орлите“ блескаат од самодоверба. Не по фразите што ги кажуваат во најавите за мечот, туку по прикажаното на теренот. Нема предавање по примен гол, нема предавање по пропуштени шанси. Се игра до последниот свиреж на судијата и атом на сила. Тоа им донесе победа во Лисабон и директен пласман на Мундијалот. Се надеваме дека тоа ќе им донесе и минување на групната фаза во конкуренција на Бразил, Швајцарија и Камерун и понатаму – којзнае што ќе биде. Можни се чуда. Пикси и неговите фудбалери веруваат, па дури и да не успеат да ги постигнат – важно е да се трудат што е можно повеќе.

>>> Сите квоти на мечот Бразил и Србија во MOZZART

Нерешено против Бразил би било од големо значење за понатамошниот тек од групната фаза. Секако нема да биде лесно да се постигне тоа, но секако е дека со право се верува во такво нешто, со мотивирани Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Филип Костиќ, Душан Влаховиќ и сите останати кои придонесоа за големата радост за пласманот на Србија на Мундијалот. Споменатиот квартет беше издвоен бидејќи бразилските медиуми и навивачи најчесто ги издвојуваа тие играчи како најголема закана за Селекао, но не смееме да заборавиме дека и Стојковиќ во својот тим има играчи кои станаа светски шампиони до 20 години во 2015 година против Бразил во последната година. А, кој треба да се издвои во спротивна насока, односно како најголема закана кон голот на Србија? Неблагодарно прашање, со оглед на тоа што Бразилците под команда на Тите играат исклучително офанзивен фудбал. Со четворица, понекогаш и пет играчи во напад. Нејмар е прва ѕвезда, но тука се и Винисиус Јуниор, Габриел Жесус, Ричарлисон, Антони, Габриел Мартинели, Рафиња, Родриго... Бразилците во Катар пристигнаа како првопласирана селекција од јужноамериканските квалификации, во серија од 15 меча без пораз и седум последователни победи во кои постигнаа 26, а примија само три гола.

Сепак, веруваме дека тоа може да се промени во четврток на стадионот Лусаил. Во српскиот табор имаше проблеми со повреди, пред се загрижи Александар Митровиќ, но најдобриот стрелец на српската репрезентација тренираше со тимот претходните денови и се очекува да биде на теренот од првата минута. Исто е и со Филип Костиќ и Саша Лукиќ, како и Немања Радоњиќ, кој исто така го прескокна тестот против Бахреин. Убедливото издание и победата со 5-1 и одличната партија на капитенот Душан Тадиќ и закрепнатиот Душан Влаховиќ дополнително внесоа оптимизам кај „орлите“.

>>> Сите квоти на Светското првенство во MOZZART

Пред четири години во Русија, Бразил без многу мака победи со 2-0, но оттогаш многу работи се променија во двете селекции. Сигурни сме дека Србите овојпат ќе пружат многу посилен отпор. Сепак, се работи за прв меч на турнирот, на две многу квалитетни екипи.