ВИДЕО: Србија со комичен автогол подобра од Унгарија

Фудбалската репрезентација на Србија продолжи да победува и во 2022 година откако славеше над Унгарија (0-1) на „Пушкаш Арена“, во првиот од двата контролни натпревари во овој прозорец.

Овој дуел беше старт на подготовките на „орлите“ за СП 2022, а се дојде до посакуваната победа со комичен автогол. Во составот селекторот Стојковиќ го немаше на располагање најдобриот играч Душан Влаховиќ кој откажа поради повреда.

Единствениот гол на натпреварот во Будимпешта падна во 35. минута. По еден шут на Александар Митровиќ топката удри во пречката, па потоа заврши кај Наџ, кој комично си ја смести во сопствената мрежа. Ситуацијата беше прегледувана со ВАР и голот беше признат.

За Србија следи гостување кај Данска кое на програмата е за пет дена во Копенхаген.