ВИДЕО: Србија само до реми против Романија, Шкотска ја совлада Албанија

Во второто коло од Лигата на нации во Лига Ц, репрезентацијата на Србија во Белград ремизираше со Романија, 2-2 (1-0).

Младен Крстајиќ направи неколку измени во однос на составот кој славеше против Литванија, но и со видоизменет тим, Србија беше подобар ривал во првото полувреме. Најпрво Митровиќ ја погоди стативата, па следеше и прилика за Коларов, но и во двата обиди без завршница. Сепак, во 26. минута Александар Митровиќ одлично се снајде и ја втурна топката во голот за водство од 1-0. Во самиот финиш на првиот дел, Романците преку Чипциу имаа одлична шанса, но неговиот обид заврши само во пречката.

Вториот дел започна со шок за Србите. Коларов направи пенал, а сигурен реализатор беше Николае Станчиу за израмнување на 1-1. Следеше период на подобра игра на домаќините, а тоа повторно го круниса Митровиќ со гол во 63. минута. Пет минути подоцна Романија по една грешка на српските фудбалери преку Тукудеан израмни на 2-2. До крајот Србија имаше неколку изгледни шанси преку Митровиќ и Пријовиќ, но без завршница, па 2-2 остана и како конечен резултат.

Во рамките на истата група, Црна Гора на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Литванија со 2-0 (2-0) и ги задржа своите шанси за освојување на првото место. Избраниците на Тумбаковиќ сите непознати околу денешниот победник ги решија за само четири минути. Најпрво во 34. минута Савиќ со гол од пенал ја круниса подобрата игра, за цо 38. минута Јанковиќ да зголеми на комотни 2-0. Второто полувреме беше далеку поизрамнето, двете репрезентации имаа свои шанси, но мрежите мируваа и 2-0 остана како конечен резултат.

Шкотска на домашен терен славеше победа од 2-0 (0-0) против Албанија и се израмни на првото место со нашиот западен сосед во рамките на група 1 од Лига Ц, но Албанија има и меч повеќе. Шкотите доминираа во текот на целиот натпревар, а отпорот на Албанија го срушија дури во вториот дел. Најпрво Џимсити во 47. минута ја погоди сопствената мрежа, а конечните 2-0 ги постави Нејсмит во 68. минута.

УЕФА Лига на нации, Лига Ц, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СрбијаСрбија 6 4 2 0 11:4 7 14
2 РоманијаРоманија 6 3 3 0 8:3 5 12
3 Црна ГораЦрна Гора 6 2 1 3 7:6 1 7
4 ЛитванијаЛитванија 6 0 0 6 3:16 -13 0